Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сè уште верува дека Канада треба да биде 51-ва држава на САД, бидејќи Отава е целосно зависна од Вашингтон.
„Ја сакам Канада. Искрено, Канада треба да биде 51-та земја. Навистина треба, бидејќи Канада е целосно зависна од САД. Ние не сме зависни од Канада“, рече тој во интервју за „Фокс њуз“.