Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да учествува на дебата со демократската потпретседател Камала Харис, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата претседателски кандидати на можна втора дебата на 24 или 27 октомври.
Трамп и Харис првпат се соочија во дебата на 10 септември, а Трамп рече дека нема да има друга дебата пред претседателските избори на 5 ноември.
Тој ја одби претходната покана на Си-ен-ен за дебатата на 23 октомври, која Харис ја прифати. Според анкетите, претседателската трка е тесна.
Фокс рече дека втората дебата „ќе му даде можност на секој кандидат да ги изнесе своите завршни аргументи“. Харис го избра гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин потпретседателски кандидат, а Трамп го избра американскиот сенатор Џеј-Ди Венс. Двајцата се соочија минатата недела.
„Нема да има повторна дебата. Значи, нема што да се дебатира“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Тој додаде дека е предоцна да се одржи дебата.