strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам

Објавено December 7, 2024 12:05
strana.mk
Сподели
Сподели

Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за поттикнување на верскиот радикализам но, тие не се толку загрижувачки. Клучен е етничкиот национализам што на еден или друг начин го поттикнуваат партиите, кој што за жал, се потврди со неодамнешните инциденти со знамињата. Генерално Македонија моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам, вели во разговор за МИА Павле Трајанов, национален координатор за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Како прв човек во Националниот комитетот чија цел е следење и анализирање на состојбата со превенцијата на насилниот екстремизам и борба против тероризам во државата, негова задача е да ги координира, учествува и насочува активностите на вкупно 22 државни институции кои се вклучени во имплементацијата на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и акциските планови.

Во Националниот комитет партиципираат 22 институции меѓу кои се и МВР, АНБ, АР, министерствата за правда, за образование, за труд, Управата за извршување санкции. Комитетот е во фаза на основање на новиот персонален состав, бидејќи сите институции номинирале нови претставници.

На првата борбена линија за справување со насилен екстремизам и борба против тероризмот, главни се МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање, военото разузнавање кои што собираат сензитивни информации и ги обработуваат и кои соработуваат со сите балкански држави, но исто така соработуваат и со моќните странски служби, кои располагаат со повеќе информации на размена на информации и се доаѓа до информации кои се битни. Тоа се пошироки секојдневни активности, кои што не се врзани само со повратниците. Тука се директно вклучени Советот на Европа, кој има посебен проект за пенален третман на повратниците, ОБСЕ е вклучен со посебни програми за обука на институциите, за опремување. Тука е вклучена и ЕУ со која имаме заеднички план за активности, всушност сите балкански држави имаат потпишано договор за активности и во моментов се прави нов план за следните четири години. Тука е и ИОМ – Меѓународната организација за миграции, која е вклучена во сите овие активности, појаснува Трајанов.

Тој потенцира дека е битно што освен државните институции во превентивните активности вклучени се и невладините организации. Постојат големи меѓународни фондации, кои соработуваат со невладиниот сектор, кој имаат мек третман кон сите овие прашања, бидејќи сите други институции се, пред се, репресивни, иако имаат превентивни активности.

Невладините организации, како што појаснува, се вклучени во превентивните активности како што е спречување на можна радикализација и екстремизам, спроведуваат обуки во училишта, во општините, имаат широки активности, а дел од нив се вклучени и во реинтеграцијата на повратниците. Работат по Програма и во координација со Националниот координатор, имаат потпишано Меморандум за разбирање, имаат пристап до некои сензитивни информации и тие се доста вклучени. Вкупно се вклучени околу 20-тина организации, но 10 се поактивно ангажирани, кои работат на превенција, спроведуваат обуки, како да се препознае говор на омраза, како се одвива радикализацијата, ги обучуваат младите да ги препознаваат лажните вести, поттикнувањето на верскиот радикализам итн.

Кај нас сите тие се присутни, но, не се толку загрижувачки. Но клучен е етничкиот национализам кој што на еден или друг начин го поттикнуваат партиите, кој што за жал, се потврди со неодамнешните инциденти со знамињата. Тој е најопасен моментално во Македонија, каде одредени партии постојано говорат дека некоја етничка заедница е загрозена заради јазикот или др. И тоа ако секојдневно се зборува поттикнува радикализација и тоа може да биде основа за екстремизам, за насилен екстремизам или за тероризам. И затоа одговорноста е голема на сите структури во државата, а посебно на оние што се задолжени да ги препознаваат сите овие активности, да се превенираат. Ние во целост сме функционална држава и сите тие активности може да се амортизираат, вели националниот координатор.

Тој посочува дека станува збор за голем број активности при тоа се следи влијанието на борбите на палестинските територии, на војната во Украина, руската пропаганда како се одвива, како се пласираат информации и дезинформации, од кои значаен дел се пласираат преку социјалните мрежи.

Порано беше поизразен верскиот радикализам, меѓутоа сега е многу мало влијанието на верските заедници. ИВЗ, МПЦ и другите верски заедници се вклучени во многу акциски и локални тимови во превенцијата од насилен екстремизам. Во Националниот комитет вклучен е претставник од Комисијата за односи со верските заедници. Исто така, одржуваме средби со верските заедници на овој план, околу радикализмот. Така што официјално сите се вклучени на планот на превенцијата, нагласува Трајанов.

Тој додава дека има обиди од лица кои студирале надвор од државата кои се обидуваат да имаат влијание, додека влијaнието на вахабистите е врзано со активностите во Босна за време на конфликтот, кое потоа се пренесе во Македонија, но, вели, сега слабее влијанието и спласнал интересот.

Во основа верските заедници официјално се вклучени во Планот за превенција. Генерално Македонија моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам. Има некои степенувања, и на многу ниско ниво е загрозеноста од тероризам, вели Трајанов.

TAGGED:екстремкизампавле трајановтероризам
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Возач загина во тешка несреќа во Скопско
Следна статија Последната произведена Моцарт топка: Фабриката стави клуч по 127 години работа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари

Се работи интензивно за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и многу скоро институциите ќе излезат со конкретни информации. Како…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова снимка од евакуацијата на „Пулс“: Луѓето панично бегаат додека дискотеката е во пламен (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео од кобниот момент во кочанската дискотека „Пулс“ каде што животот во пожар го…

March 19, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?