Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ не го криеше незадоволството по неуспехот и поразот од Милан (2:1) во натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите.
Црвена звезда го надигра Милан во второто полувреме, успеа да изедначи, а во 87.минута Ејбрајхам го постигна голот за победа на Милан.
Пред голот имаше две спорни ситуации, најпрвин судијата Хесус Хил манзано не досуди фаул врз Џига од Ејбрахам, по што Милан доби корнер, а од тој корнер се изроди шансата за гол. Во таа ситуација Габија го фрли Спајиќ на тревата, а Англичанецот некако ја смести топката во голот.
ВАР ја проверуваше таа ситуација, но за судиите во ВАР собата се беше чисто. Тренерот на Црвена звезда бурно реагираше, поради што доби жолт картон.
„Мојата прва мисла е дека немам и не знам што да кажам. До сега не зборував, спортист сум, многу пати го докажав тоа… Од друга рака, молчев, страдав… Ова е скандал, срамота за ЛШ. Од почетокот на Лигата на шампионите, како да имаат некаков проблем со нас. Ова денес не би го коментирал ова. Истиот судија, ќе речам дека не е случајно. Големо изненадување направивме против Штутгарт. Ќе ви кажам сега. Класичен пенал не ни судеа против Монако. Нас не не сакаат овде, но ние сме тука. Ние сме камен во чевелот. Ова денес е скандалозно. Ако на ваков начин треба да победи клуб каков што е Милан, тоа е многу грдо. Нашите навивачи не можат да дојдат. Каков начин е ова“, рече Милојевиќ.
Црвена звезда има лошо искуство со судијата Манзано, кој на „Сан Сиро“ пред четири години го судеше натпреварот меѓу овие два тима во Лига Европа.