Во македонската зелка запрена на хрватската граница нема пестициди тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Надлежниот инспекторат веднаш презел мерки за спорната пратка а направени биле и дополнителни засилени контроли на пестицидите во земјава од страна инспекторите со цел спречување на недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.
Направени се дополнителни контроли, земена е мостра од градинарскиот продукт којшто е извезен, направени се анализи и истите се негативни, односно таков препарат не е употребен врз земјоделските култури. Дали се работи за некаква грешка од страна на граничната контрола во Хрватска или за друг момент не знам, но знам дека кај земјоделецот чија пратка беше испратена за извоз не се пронајдени пестициди, рече Трипуновски.
Трипуновски при денешната псоета во Охрид истакна дека после 6 години застој езерото ќе биде порибено со милион и педесет илјади парчиња единки подмладок на пастрмка се со цел да се зачува ендемичниот вид како еден од нашите национални богатства.
Во текот на 2024 година на Охридското Езеро запленети се 709 мрежи во вкупна должина од околу 47 километри.