Тројца Бугари денеска се прогласени за виновни пред судот во Лондон за учество во руска шпионска група раководена од поранешниот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајркард“, Јан Марсалек, со цел да вршат надзор во полза на Кремљ на американска воена база и следење на поединци, кои биле цел на Москва.
Кетрин Иванова (43), Вања Габерова (30) и Тихомир Иванчев (39) беа осудени во Олд Бејли во Лондон под обвинение за заговор за собирање информации корисни за непријателска држава во периодот од август 2020 година до февруари 2023 година. Тие ги негираа обвиненијата.
Обвинителството соопшти дека тројцата, заедно со Орлин Русев и Бисер Џамбазов, кои ја признаа вината пред почетокот на судењето, шпионирале новинари и планирале да организираат лажен протест пред Амбасадата на Казахстан во Лондон.
Според обвинителството, Марсалек и наложил на бугарската група да ги шпионира украинските војници кои биле на обука во американска база во Германија.