Жена туристка завршила со сериозни повреди откако, според очевидци, неочекувано пропаднала во дупка на градилиште лоцирано на улица Партизанска во Охрид, објави Охрид 1.
Несреќата се случила во неделата, а поради тежината на повредите, повредената жена е итно пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“, каде што ѝ е укажана медицинска нега.
Засега нема официјална информација за нејзината здравствена состојба, но според првичните извештаи, станува збор за тешки телесни повреди.