strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Туфегчиќ: Ќе предложиме соочување на Александар со Музафер и сослушаниот сведок Дејан
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Туфегчиќ: Ќе предложиме соочување на Александар со Музафер и сослушаниот сведок Дејан
ХРОНИКА

Туфегчиќ: Ќе предложиме соочување на Александар со Музафер и сослушаниот сведок Дејан

Објавено October 18, 2024 15:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Полицискиот началник потврди дека фактички неговиот оддел не бил надлежен меѓутоа се вклучиле во целокупната постапка. Според она што имавме прилика да го слушнеме, постапувале без конкретни стандарди и процедури за постапување. Едноставно се раководеле по некои свои лични чувства и согледувања, изјави бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ по денешното рочиште за убиството на Вања и Панче во Кривичен суд.

Во однос на денешните сведочења, Туфегчиќ, рече дека „има прилично контроверзи во неговиот исказ“, и дека за тоа како одбрана ќе вложат приговор и по сослушувањето на Александар до Судот ќе предложат соочување со г. Музафер и денес сослушаниот сведок Дејан, за како што вели „ заради целосно расчистување на работите“.

-На крајот можам да заклучам дека исказот на овој сведок е и како што самиот кажа, дека однесувањето на Александар му останало само на ниво на сомневање. Потврди дека не успеал да обезбеди ниту релевантен доказ кој би одел во насока да тој биде обвинет. Изнесе некои работи за кои јас не знам дали е спроведена постапка во таа насока, а тоа е денеска првпат дознаваме дека од еден од видеозаписите имало двајца луѓе вработени од „Комунална хигиена“ па не знам дали тие луѓе биле обезбедени, дали е направен обид да се стапи во контакт со нив, а тие луѓе биле во кривичниот момент кога со возилото како што опиша началникот биле пред зградата на „Наум Наумовски Борче“, ијзави Туфегчиќ.

Потврди и, како што посочи Туфегчиќ, ја расчистил дилемата околу фамозниот пресечен кабел дека ресиверот е ставен на проверка, дека бил потполно чист и празен, дека немало никакви видео записи подолг временски период наназад.

Во однос на тоа дека Александар на 27 ноември два часа после грабнувањето на неговата ќерка бил забележан со неговото возило како се движи накај Качанички пат што всушност е во близина каде што ќе биде подоцна пронајдена и Вања, Туфегчиќ рече дека „Александар воопшто не крие ниту во момент се обидел да сокрие дека со возилото бил на неколку локации, не само према таа од Качанички пат“.

-Денеска дознавме дека тој со полицијата бил во возилото кога пристигнал сведокот Митре Лазаревски. Денеска, самиот началник потврди дека еден од разговорите го водел на начин што кога го свртел телефонот на пропуштен позив се јавила Зорица. Значи и разговорот со Александар се водел во присуство на Зорица. Го спомна началникот прашањето односно еден од сомнежите тоа е една бришана порака за која воопшто не се утврди каква е пораката и со која содржина и за која ние како одбрана посочивме дека се работи за порака која е комуникација помеѓу Александар и една родителка на едно дете, која има име, која пројавила интерес и тоа е содржината на пораката „до каде се“ и „се прави ли нешто“, а Алаксандар одговора – „ништо, полицијата тврди дека Вања е избегана“. Понатаму дознавме нешто што мислам дека е ново и за родителите и шокантно за мене ова што го истакна началникот дека наводно Вања имала некаков обид заради кавга помеѓу родителите да се самоповреди и ова е за мене ново. Јас вакво сознание и информација навистина немам и ниту еден, ниту Александар па ниту Зорица такво нешто не истакнале, појасни Туфегчиќ.

За снимките што Гоце и Александар ги доставиле на полицијата од возилото на Панче Жежовски пред воопшто тие да знаат дека Панче Жежовски е убиен, тој појасни дека „фокусот на Александар и на Гоце кон возилото е во моментот кога од нивна пријателска врска од Сеиф Сити добиваат потврда дека помеѓу другото за ова возило е распишана потрага“.

– Па тоа е најголемата трагедија и де факто потврда на сето она што го тврдиме како одбрана од првиот момент е денешниот исказ на началникот дека постапувале без какви било правила за мерки и стандарди за постапување во ваков случај. Постапувале секој според некое свое наоѓање. Самите слушнавте дека отишле во една насока со истрагата, па после застанале, па тргнале во сосема друга насока и де факто ова што им го дале Александар и Гоце фактички е клучниот момент на поврзување на двата настани, а со цел и овозможување на откривање на двата случаи. Инаку, јас лично тврдам дека да не биле вклучени овие двајца луѓе ние и денеска ќе имавме состојба каде што Вања и Панче ќе се водеа за исчезнати и немаше да бидат пронајдени, во тоа сум сигурен, изјави Туфегчиќ.

За негобвиот клиент, според него, е многу нормално да се раководи према некои лични нагони и чувства и без некакви правила, односно според некои негови логични правила.

-Истото се однесува и на Гоце. Меѓутоа, они преземаат се по некои инерции и тоа не е спорно. Значи, снимките ги обезбедија тие и тоа не е спорно. Ги пратиле на денес сослушаниот началник и тоа не е спорно. Александар во ниеден момент не ја криел комуникација помеѓу него, Музафер и г. Дејан. Се што имал споделил со Зорица, денеска тоа го потврди и началникот дека во нејзино присуство се одвивал разговор. Понатаму, она истражување со лице од Шведска, значи се работи за дете кое има свое име и кое не сакам да прејудицирам живее во Шведска итн., а за него денес испитаниот сведок говори како да е тоа возрасен човек, па вика – чекавме и проверувавме дали има влез или излез во земјата итн., се работи за дете кое во тоа време имало 14 години, изјави Туфегчиќ.

TAGGED:ВањаВладимир Туфегџиќсудење
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе
Следна статија Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

ФОТО: Поголема количина дрога откриена во камион на ГП „Богородица“, пресечен канал за шверц

Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица,…

February 12, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар доцна синоќа во Лисиче – Гореа бараки, едно лице е повредено

Голем пожар доцна синоќа ја зафати скопската населба Лисиче, при што целосно изгореа две куќи, а една е делумно оштетена.…

August 2, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно…

July 13, 2025
ХРОНИКА

„Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена

Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека…

October 18, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?