Ексдиректорот на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е приведен, откако претходно нe беше достапен на органите на прогонот во земјава, објави „360 степени“.
Според изворите на „360 степени“ Стефанов се наоѓал во една соседна земја и денеска се вратил во земјава, откако дознал дека се бара во кривична постапка.
За истрагата се уште е недостапен претходникот на Стефанов на функцијата директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Според премиерот во полициската акција се уапсени 23 лица.