Станува збор за 65-годишниот Франк Петриновиќ, кој одлежа 20 години затвор во Австралија за убиство при грабеж.
Тој беше депортиран во Хрватска во 2021 година, објави далматински портал.
Откако вчера околу пладне се обидел да ја ограби Ерсте банката во центарот на Сплит, налетал на полицајки кои патролирале пред банката.
Откако почнал да пука во нив, една од полицајките го застрелала во во нога, а со вториот истрел бил погоден во глава по што починал. .
Според австралиски медиуми, Петровиќ поминал вкупно 38 години во затвор во Австралија, бегајќи четири пати.
Пред убиство за време на грабежот во 1997 година поминал вкупно 17 години и 18 дена во австралиските затвори.
Ова не го вклучува малолетничкиот затвор во кој се наоѓал.
Тој бил казнуван за кражби, возење под дејство и давање отпор при апсење, како и за консумирање хероин.