Украина извршила напад врз руски магацин за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од регионот Донецк вчера, објавија и рускиот и украинскиот Телеграм канал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на пријавениот магацин, кој се наоѓа источно од градот Донецк, кој е под руска окупација.
Украинската армија не го коментираше нападот и засега нема информации за обемот на штетата.
Во меѓу време, Русија соопшти и за напад врз рускиот регион Липецк, каде загина жена на околу 70 години, а уште две лица беа повредени од остатоци од соборен украински дрон. Гувернерот Игор Артамонов соопшти дека урнатините паднале врз станбена зграда на периферијата на градот Липецк. Нема конечна проценка на обемот на нападот со украински дрон во областа Липецк и предизвиканата штета.
Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.
Русија со месеци ја фокусира својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не е погоден од борбите.