Развојот на ракетата koја се вика бомба на сите бомби“ ја чинеше американската војска над 500 милиони долари. Тежи 14 тони и беше изградена според спецификации што ќе овозможат пенетрација доволно длабоко во објектот Фордо за да се уништат нуклеарните центрифуги на комплексот.
Бомба за уништување бункери од 15 тони беше потребназа да се уништи последниот недопрен нуклеарен објект во Иран, а само САД поседуваа таква бомба.

Бомбата со висок степен на експлозија е позната како GBU-57A/B Massive Ordnance Penetrator и е дизајнирана од Боинг за воздухопловните сили на САД. Нејзината огромна тежина значи дека може да се испорача само со невидливиот бомбардер Б-2 Спирит – авион што израелските воздухопловни сили го немаат.