strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците
МАКЕДОНИЈА

Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

Објавено May 19, 2025 11:04
strana.mk
Сподели
Сподели

„Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година како незаконски. Судијката Дуковска е известител во предметот со кој ќе се оценува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците, како и за други актуелни предмети, меѓу кои и измените на Кривичниот законик со кои се намали казната за злоупотреба на службената должност. Со поништувањето на изборот на Дуковска како незаконски, оценката на Законот за јазиците ќе мора да почека, затоа што Уставниот суд веќе донесе одлука дека за тој закон мора да се одлучува во полн состав, со 9 уставни судии.“ – објави информативната агенција Нетпрес.
Управниот суд одлучувал по тужба од судијката Антоанета Димовска, која тогаш била еден од трите кандидати за избор на уставен судија Димовска сега е членка на Судскиот совет.
Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле противуставно, првата е Судскиот совет, преку ускратување на правото на еднаква можност на останатите кандидати, а втората е Собранието, кое со 64 гласа „за“ ја избра Дуковска за уставна судијка.
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе го извести Судскиот совет, од кој ќе побара да спроведе нова постапка за избор, според насоките на Управниот суд. Собранието ќе го извести и Уставниот суд дека уставната судијка Елизабета Дуковска била избрана противуставно и треба да се повлече од функцијата.
Дуковска е избрана за уставен судија во април 2023 година, на предлог на Судскиот совет, чиј претседател тогаш беше Весна Дамева, а ја изгласа Собранието, чиј претседател беше Талат Џафери. Според Управнот суд, Дамева и Џафери постапиле неуставно и незаконски!
Од записникот на седницата на Судскиот совет за избор на уставен судија од редот на судиите, се гледа дека било утврдено дека има тројца кандидати и тоа Елизабета Дуковска, судија на Апелациониот суд Скопје, Татјана Сусулеска, судија на Апелациониот суд Битола и Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје. На седницата не била дадена оценка на секој од кандидатите и не била утврдена ранг-листа, Исто, ниту еден од членовите на Судскиот совет не добил биографија на трите предложени кандидати.
Во тужбата од Димовска до Управниот суд стои дека по утврдувањето на редоследот на гласање се пристапило кон гласање за првопредложениот кандидат Елизабета Дуковска, па од вкупно 13 гласови, 11 гласа биле „за“, додека „против“, гласале 2 члена на Судски совет. Со оглед дека бил исполнет законскиот услов да гласаат најмалку 8 члена со право на глас, претседателот на Судски совет Дамева констатирала дека е утврден предлогот за кандидат за избор на уставен судија. Дамева не дозволила гласањето да продолжи за останатите двајца кандидати и на тој начин им го ускратила правото на еднакви можности да бидат утврдени како предлог за избор на уставен судија.
„Според записникот на седницата немало никаква расправа за оценките за кандидатите и со тоа начинот на кој бил утврден редоследот на гласањето за кандидатите бил арбитрарен и целосно спротивен на правилата на постапката бидејќи тие не регулираат ваков редослед на гласање. На членовите на Судскиот совет им било познато дека нема правила за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија на Уставен суд, поради што не смеело да се ускрати можноста да се гласа за трите кандидати наместо само за првиот“, се дел од повредите кои ги направил Судскиот совет, а ги навела тужителката во барањето за поништување на изборот на Дуковска.
Се очекува дека денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини ќе ја образложи одлуката за поништувње на изборот на Дуковска.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за ТВ Алсат најави дека со допис ќе побара од Судскиот совет да спроведе постапка во согласност со насоките на Управниот суд. Според тие насоки, Советот мора да ги стави на гласање сите тројца кандидати и потоа да достави нов предлог до Собранието.

TAGGED:елизабета дуковскаСудијкауставен суд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот
Следна статија Во Крушево се одржа првото државно првенство во планински велосипедизам

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски бил следен и од небо и од земја

Владата бара начин да ги декласифицира информациите дека премиерот Христијан Мицкоски бил активно следен од службите додека беше лидер на…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Младите хемичари освоија сребро и бронза на светската олимпијада во Дубаи

По еден сребрен и бронзен медал и пофалница освоија младите хемичари за Македонија на 57. Меѓународна хемиска олимпијада (IChO 2025)…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела се слави Прочка- еве што треба да направите

Во недела претстојниот викенд се слави големиот празник Прочка, по што почнуваат големите Велигденски пости. Празникот Прочка или Велики Поклади,…

February 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?