Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум десетинки од секундата зад својот соиграч. Интересно е што спринт трката во Спа е прва во историјата откако Кристијан Хорнер повеќе не беше шеф на тимот во Ред Бул, па Верстапен му донесе триумф на тимот на дебито на Лоран Маки.