„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом“, стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа. Токму овие вредности се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност.
Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста бидат нашиот патоказ кон подобра иднина.
Христос воскресна! Навистина воскресна!
За многу години Велигден!“, стои во честитката на лидерот на СДСМ.