Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на тв Сител изрази загриженост за промените во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицковски во врска со Преспанскиот договор, како и за влошувањето на односите со Бугарија и Грција. Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја заглави Македонија на патот кон Европската Унија. Повика премиерот Христијан Мицкоски да го каже планот за напредок на државата, кој доколку е поддржан и остварлив, ќе добие поддршка и од СДСМ.
Филипче истакна дека во предизборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се противеа на Преспанскиот договор, но сега гордо го користат името „Северна Македонија“ и го посочуваат Договорот како пример за успешна дипломатија
„Прво и Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ целокупната кампања којашто ја водеа пред изборите, а би рекол премиерот и политичката кариера дел ја должи на Преспанскиот договор. Тој беше против него ќе го укинуваше. Ќе стоеше на браникот на државата никогаш немаше да каже и тој и претседателската Силјановска „Северна Македонија“ и сега гледаме дека гордо кажуваат Северна Македонија. Премиерот кажува дека Преспанскиот договор бил добар пример за преговорите со ЕУ и прашањето со Бугарија“ – рече тој.
Филипче посочи дека со ваквите ставови се доведува во прашање легитимитетот и кредибилитетот на Мицкоски како политичар.