strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата
МАКЕДОНИЈА

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

Објавено December 26, 2024 10:33
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари.

Клучните измени вклучуваат:

За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.
За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.
Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.
Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.
Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.

Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор“, изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени.

Министерството продолжува со залагањата за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

TAGGED:РуднициСуровини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
Следна статија Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија. -Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Германски пожарникари возеа 3000 км за лично да донираат во Кочани

Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани. Земале одмор од работа и возеле речиси 3000 километри…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вреди прашува кој го штити

ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме да им помогнеме.Вистинското прашање останува – Кој го…

February 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?