Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека се движеше по грчки аеродром. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот беше ставен во сообраќај по инцидентот.
Летот FR6080 на „Рајанер“ тргна од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавија дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром Каламата во 14:24 часот по локално време.
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на возењето, неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и веднаш застанал. Фотографиите објавени на интернет го покажуваат долниот дел од закрилата како виси надолу, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Бидејќи немало опасност за патниците или екипажот, тие биле симнати на вообичаен начин, преку скали. Службите за итни случаи на аеродромот брзо пристигнале на местото на настанот, но немало потреба од интервенција.
Во соопштението на „Рајанер“ се вели дека авионот слета безбедно, но „за време на возењето на аеродромот, врвот на крилото удри во ограда“. Тие додадоа дека авионот потоа бил подложен на рутинска проверка и одржување, по што бил повторно ставен во сообраќај, пренесе Индекс.хр.
Според порталот Flightradar24, авионот останал на земја во Каламата околу пет и пол часа додека инженерите го испитувале оштетениот дел од крилото. Извршен е целосен преглед, вклучително и отстранување на оштетениот дел. По привремените поправки, авионот полетал од Каламата кон аеродромот Милано-Бергамо, а потоа од Милано извршил лет до Тирана во Албанија.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, "the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025