Свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, која често предизвикува внимание во јавноста поради предизвикувачкиот стил на облекување и поради естетските зафати под кои подлегнала, сега повторно го привлече вниманието, но со фотографија од 1980-тите.
На фотографијата до израз доаѓа младото, тркалезно лице и кадравата бујна коса, па сите се шокираа од очигледната трансформација поради естетските операции.
Многу стручњаци за естетска хирургија го коментираат лицето на свршеницата на Безос, тврдејќи дека Лорен користела ботокс, што не е чудно ако се земе предвид дека таа неодамна наполни 55 години. Некои истакнуваат дека Санчез освен ботокс имал и затегнување, зголемување на усните, отстранување на брчките и инјекции со филер, а меѓу многуте има и такви кои изразуваат жалење за природната убавина на Лорен Санчез.

Да потсетиме, љубовта меѓу Џеф Безос и Лорен Санчез започна во 2018 година, додека двајцата сè уште беа во брак. Безос има четири деца од бракот со Мекензи Скот, а Лорен има ќерка и син со Патрик Вајцел и уште едно дете од претходната врска. По две години свршувачка, двојката на лето ќе го каже судбоносното „да“ во Венеција, Италија и се проценува на неверојатни 500 милиони долари.