strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: (ФОТО) Запленети накит, девизи, цигари, облека
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Запленети накит, девизи, цигари, облека
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленети накит, девизи, цигари, облека

Објавено December 11, 2024 17:57
strana.mk
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, меѓу коишто накит, рачни часовници, цигари, тутун, девизи, автоделови, облека, техничка стока, суплементи, кафе во зрно и фалсификати.

  • 19 парчиња накит (SWAROVSKI и COEUR.DE) и рачен часовник ESPIRIT, со вредност од околу 120.000 денари и избегнати давачки во износ од 42.132 денари, биле пронајдени кај патничка која допатувала со лет од Базел; 5 парчиња накит (прстени и нараквици) и 3 рачни часовници од марките ROLEX и CITIZEN, биле пронајдени кај патник кој допатувал со лет од Виена. Во два одвоени случаи на Меѓународниот аеродром Скопје откриени се 24 парчиња накит и 4 рачни часовници се откриени при контрола на патните торби на двајца македонски државјани.

-Од страна на мобилните царински тимови во фабрички празнини на автобус со македонски регистарски таблички во два куфери при влез во државата на граничниот премин Деве Баир пронајдени се 23 штеки цигари Parliament aqua blue, без акцизни маркички.

-Во два одделни случаи на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на багажот откриени се 72 штеки цигари, од кои: 32 штеки цигари MARLBORO, PALL MALL, DAVIDOF и WINSTON, и 1500 грама тутун GOLDEN VIRGINIA, со македонски акцизни маркички, со вредност од 53.875 денар и 40 штеки цигари MARLBORO и MAYFAIR SKY BLUE, со косовски акцизни маркички, со вредност од 60.000 денари.

-Царински службеници во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи на пазар во Скопје одзедоа 23,850 килограми сецкан тутун за пушење и 18 штеки цигари за кои продавачот не поседувал документи за платени царински и акцизни давачки.

-При личен претрес на патник кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце пронајдени се 4.000 швајцарски франци. Патникот пријавил дека носи со себе 9.900 швајцарски франци, но при претресот биле пронајдени уште 4.100 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 швајцарски франци.

-Мобилните царински тимови при контрола на автобус со македонски регистарски таблички во внатрешноста на куфер сопственост на возачот, откриле 25.550 евра, од кои 10.000 евра му биле вратени на возачот согласно законските прописи, а 15.550 евра се задржани.

  • Во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, пронајден е и задржан менувач за патничко возило Audi Q5.

-114 парчиња разни авто-делови (греачи, стабилизатори, свеќички, црева за вода, филтри за гориво и друго) биле пронајдени во прегради во кабината и прегради на вратите од кабината на камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Блато. Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 64.150 денари.

  • На граничниот премин Табановце автопат биле пронајдени: 1 употребуван моторцикл Yamaha во делови, 1 нов професионален апарат за индукциско греење Telwin Smart Inductor 5000 и 6 употребувани волани за патнички возила во багажникот на минибус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата.
  • На граничниот премин Делчево во два одвоени случаи при контрола на два автомобили управувани од македонски државјани, пријавени за излез од државата откриени се 2 комплети бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи возачите изјавиле дека табличките ги носат во Бугарија да ги одјават, а возилата на кои припаѓале биле продадени во отпад без претходно да бидат увозно оцаринети и платени увозни давачки.

-Царински службеници спречија повеќе обиди за шверц на разна стока, меѓу којашто 124 парчиња облека и 12 женски чанти на граничниот премин Делчево. На граничниот премин Ново Село во багажникот и под седиштата на автомобил, пријавен за влез во државата пронајдени се 21 парче облека. На граничниот премин Табановце автопат во багажникот и позади предните седишта на автомобил откриени се 14 машки јакни од познати светски брендови, со вредност од 810.000 денари и избегнати давачки во износ од 313.065 денари.

-Од страна на Службата за мобилни скенери во повеќе одделни случаи откриени се 1 нова справа за веслање и 4 употребувани технички производи (телевизор, машини за садови и машина за алишта), 50 терморегулатори за печки на пелети, 4 греалки на гас и 1 електрична греалка, 1 костум за маскирање и 4.410 капсули и 1,82 килограми разни суплементи.

-6,1 килограми кафе во зрно од марките BONCAMPO и INCAROM, 111 парчиња миризливи свеќи, 20 пакувања влажни шамивчиња, и 64 парчиња облека се пронајдени во повеќе торби и куфери во автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Од страна на мобилните царински тимови во царинската испостава Куманово откриена е и запленета е стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост:

  • 4.080 играчки и школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки, со пријавена вредност од 225.057 денари биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена со две декларации за увозно царинење во царинската испостава Куманово.
  • 180 пластични играчки со ознаки на заштитени трговски марки со пријавена вредност од 28.000 денари се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.
TAGGED:запленицаринска управа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути
Следна статија Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025
Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025

Земале малку пари: Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите, велат дека не биле променети 25 години

Нотарската комора бара зголемување на дел…

June 19, 2025

Бугарски европратеници жестоко притискаат против извештајот за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

June 19, 2025

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на…

June 19, 2025

Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка

Тежок инцидент се случи денеска во…

June 19, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВEНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за –…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Изгоре дуќан и оштети стан во зграда во Карпош 4

Страшен пожар ги разбуди ноќеска жителите на Карпош 4. На првиот кат во една од зградите изгоре стан во три…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство…

June 17, 2025
ХРОНИКА

Се бара 4-годишниот Хадис – облечен е во зелено, последен пат е виден во Ченто!

Четиригодишниот Хадис е изгубен во населбата Ченто во Скопје, а неговите родители на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните за…

October 29, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?