Отакако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Васил Јованов човекот кој ја прегази Фросина Кулакова , како во затворот Шутка држи мобилен телефон, јавноста повторно се крена на нозе
Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка, прашуваат граѓаните.
Реагираа и од семејството на Фросина. Семејството изразува разочарување и лутина од фактот дека убиецот, и покрај својата страшна пресуда, продолжува да има пристап до забранети предмети во затвор.
По оваа информација директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.
Министерството за внатрешни работи се очекува да даде повеќе информации и да преземе мерки за расчистување на случајот.