На социјалните мрежи се појави фотографија од Никола Јокиќ кој покажуваат како мегапопуларниот Џокер ужива во сплаварење или рафтинг на Тара.

Помина околу еден месец откако Денвер беше елиминиран од НБА плејофот, а по крајот на обврските во Америка, Јокиќ пристигна во Србија и го користи секој ден за заслужен одмор.
Сега високиот центар е на преубавата Тара каде со своите пријатели ужива во сплаварење.
Заедно со Никола е и неговиот брат Братот Немања . Одамна е познато дека летото на популарниот Џокер е периодот од годината кога тој го покажува својот хедонистички карактер.
Покрај возењето со чамец, во претходните години го гледавме на локалните кошаркарски терени, трки со коњи, концерти, барови…