Масар Омерагиќ како прв човек на македонската Фудбалска Федерација има свои обврски и надвор од нашите граници, па така претседателот денеска во друштво на Дрилон Ганиу како генерален секретар беше дел од регионалниот митинг кој се одржа во Босна и Херцеговина.
– Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ заедно со генералниот секретар, Дрилон Ганиу учествуваат на состанокот на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа кој се оддржува во Сараево, БиХ.
– На регионалниот состанок, првите луѓе на асоцијациите имаат средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации во европската организација, Зоран Лаковиќ.
Македонската експедиција овој собир сигурно ќе го искористи за да се споделат искуства со останатите претставници од националните Федерации, но и за да се постават иницијални контакти со Александар Чеферин кој веќе го поздрави назначувањето на Омерагиќ.