Кога парите не се проблем, можете да купите кој било автомобил што ќе ви текне, дури и ако сè уште не постои.
Имено, сопругата на Марк Цукерберг, Присила Чен сакала мини комбе, а бидејќи Порше нема во својата палета, коосновачот на Фејсбук ги презел работите во свои раце.
Во објава на Инстаграм, Цукерберг тврди дека сам го дизајнирал овој „миниван“ со електрични лизгачки врати.
Тој исто така нарачал соодветно Porsche 911 GT3 Touring со рачен менувач.
Не е познато колку чини модифицираниот Cayenne Turbo GT, но фабричкиот модел има почетна цена од околу 200.000 долари.
Колку и да изгледа апсурдна идејата за мини комбе Порше, самиот Порше го создаде концептот на такво возило пред неколку години.
Имено, германскиот производител во 2018 година го претстави Vision Renndienst – уникатен миниван, иако беше само концепт автомобил.
Имаше електричен погон и шест седишта, што би било сосема доволно за семејството Цукерберг бидејќи има три деца.