Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез го засени најбрзиот циркус на светот, трките од Формула 1.
Британскиот коментатор на Скај Спортс Дејвид Крофт се најде на удар на критики на јавноста поради непримерната шега на сметка на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез.

„Жешката“ латиноамериканка со својот изглед ги засени сите присутни на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 во Џеда.

55-годишната Џеј Ло во тесен, розов комбинезон во стилот на Барби предизвикуваше воздишки додека се шеташе низ боксовите и разговараше со шефот на Ф1, Стефано Доменикали и застана до гаражата на Ферари. Додека Џеј Ло позираше пред фотографите, Крофт коментираше:


„Изненаден сум што сега е тука – мислев дека ја чека вечерва“.
Потоа додаде:
Фановите на Џенифер Лопез ќе разберат“.


Крофт алудираше на нејзиниот хит од 1999 година „Waiting for Tonight“. Сепак, многумина ја оценија оваа шега како сексистичка и непримерна.

Реакциите на социјалните мрежи беа различни. Некои корисници изразија незадоволство, сметајќи дека коментарот е несоодветен, додека други го бранеа Крофт, посочувајќи дека тоа е безопасно повикување на популарна песна.


И покрај контроверзите, Џенифер Лопез продолжи со својот настап на концертот по трката, воодушевувајќи ја публиката со својот настап.