Холандската светска шампионка во брзо лизгање Џој Беун за прв пат позираше за насловната страница на холандскиот Плејбој. 25-годишната спортистка носи само пар ракавици на насловната страница и се смета за најголемото име кое позирало за холандскиот Плејбој во повеќе од една деценија. Декемвриското издание на списанието беше пуштено во продажба во Холандија во четвртокот. Дејли мејл пишува дека Плејбој во Холандија има тираж од околу 30.000 примероци, но овој месец, на првиот ден од излегувањето на магазинот, продажбата била 10 пати поголема.
Поради ова, Плејбој испечатил повеќе примероци, што, посочуваат, никогаш не се случило во изминатите 11 години додека списанието излегува во Холандија. “Ова е многу убаво да се слушне. Не очекував да бидат продадени толку копии. Очекував многу критики, но слушам само убави пораки и дека сите мислат дека е неверојатно кул”, изјави Џој за локалните медиуми. Нејзиното момче, исто така брз лизгач, Кјелд Нуис (35), ја убедил да се фотографира за магазинот.
Џој призна дека порано била многу несигурна за својот изглед. Сега, вели таа, тоа се сменило.
“Имаше моменти кога се споредував со другите брзи лизгачки. Сите тие се супер тенки и имаат неверојатно затегнато тело. Тогаш мислев дека сум премногу дебела. Но, тоа е глупост, треба да се јаде добро, потребна е енергија”, рече таа.
Џој Беун е родена на 28 април 1999 година во градот Борне во Холандија.
Беуне освои сребрен медал на Светското јуниорско првенство во брзо лизгање во Варшава 2017 година. Следната година, на Светското јуниорско првенство во брзо лизгање 2018 во Ута, таа стана Светска шампионка за јуниори. Таа ги освои дисциплините на 1000 m, 1500 m и 3000 m и постави светски јуниорски рекорди на тие растојанија.
Во 2018 година, таа се приклучи на тимот на LottoNL-Jumbo, потпишувајќи двегодишен договор. Во 2022 година се пресели во Тим ИКО, а во 2023 година го продолжи договорот до сезоната 2025/2026.
Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат 305.000 луѓе.