Сандеј Роуз, ќерката на актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан, има само 16 години и веќе почна да гради кариера во манекенството.
Овој пат се работи за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“.
Таа позираше без шминка
Заедно со Сандеј, во кампањата се појавија и актерките Лиу Хаокун и Џои Кинг, со кои Никол Кидман глумеше во филмот „A Family Affair“. Ќерката на Кидман позираше за кампањата без шминка.
Во промотивното видео за модната колекција, Сандеј позираше гледајќи го својот одраз во огледалото и имитирајќи свирење на флејта.
Новата кампања на тинејџерката се појави само три месеци откако таа го имаше своето деби на модната недела во Париз. Таа носеше и колекција од модната куќа „Miu Miu“, а покрај неа на пистата прошетаа и Амелија Греј, ќерката на актерот Хари Хамлин и актерката Лиза Рин и Елиот Самнер, ќерката на музичарот Стинг и актерката Труди Стајлер.
Никол го коментираше дебито на нејзината ќерка
По модната ревија, Никол го коментираше успехот на нејзината ќерка за магазинот „Hello“.
„Самата на себе си кажав дека е доволно. Беше напнато и веќе несакав да ја кочам“, вели Кидман.
Актерката претходно изјави дека отсекогаш знаела дека нејзината ќерка сака да биде модел, но дека треба да почека да наполни 16 години.
Никол во бракот со Кит Урбан ги имаше Сандеј и 13-годишната Фејт Маргарет, а од бракот со Том Круз ги има 31-годишната ќерка Бела и 29-годишниот син Конор. Сандеј Роуз се почесто се појавува со нејзината мајка на јавни настани. Во јуни беа заедно на ревијата на Баленсијага, исто така на модната недела во Париз.