Убавата Џиџи за прв пат објави фотка со партнерот, холивудскиот заводник на манекенки, актерот Бредли Купер, а фотографијата е направена на прославата на нејзиниот роденден.
Многу сум среќна што наполнив 30 години! Се чувствувам среќна поради успесите, но и падовите, за сите лекции и подароци! Многу сум среќна што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка, колешка на некои од најневеројатните луѓе – започна таа.
Таа изјавила и дека е среќна бидејќи секојдневно ја поддржуваат многу фанови од целиот свет.

Имав прекрасна прослава. Благослов е да се чувствуваш толку сакано! Благодарна сум и почестена што чекорам во нова деценија“, напиша таа.

Гласините дека Џиџи е во врска со Купер почнаа да се шират во октомври 2023 година, откако беа фотографирани пред ресторан во Њујорк.
Инаку убавата манекенка има ќерка Каи со поранешниот партнер Зејн Малик . Бредли Купер пак од бракот со руската манекенка Ирина Шајк исто така има ќерката Леа.