На вчерашната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба.
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна Гора по налог на претседателот на парламентот и лидерот на просрпската десница, Андрија Мандиќ.
Со други зборови, суспензија на изборните процеси и блокирање на политичкиот систем, имајќи предвид дека најавеното пензионирањето на судиите на Уставниот суд е кршење на законот и Уставот – изјави Андрија Николиќ, шеф на пратеничката група на ДПС.
Со тоа, нивната функција престанува врз основа на Уставот – рече Божовиќ на седницата на Уставната комисија.
Пратеничката на ДПС и членка на Одборот, Александра Вуковиќ Куч, истакна дека претседателката на Уставниот суд не е самата институција и порача дека нема да дозволи да се реализираат намерите што ги имаат.
Претходно, претседателот на Здружението на правници на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ, предупреди дека, доколку Уставната комисија „експресно“ ги пензионира тројцата судии на Уставниот суд, може да дојде до блокада во функционирањето на политичкиот систем.
Според него, тоа би го оневозможило одржувањето на локалните избори во Никшиќ, како и евентуално повторените избори во Подгорица или Будва.
– Сето ова може да биде предупредување дека не станува збор само за различно толкување на Законот за работни односи или Законот за пензиско и инвалидско осигурување, туку за ‘агенда’ што би можела да ја воведе Црна Гора во своевидна вонредна состојба – изјави Радуловиќ.
И покрај инцидентот со активирање димна бомба, седницата продолжи, а беа усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд кои ги избира Собранието.
Na sednici Ustavnog odbora Skupštine Crne Gore bačena je dimna bomba.
To je usledilo nakon što je potpredsednik Odbora i poslanik Demokratske partije socijalista Nermin Abdić rekao da on i njegove kolege neće dozvoliti nastavak zasedanja, prenele su Vijesti. pic.twitter.com/30NNPXRxme
— Pepo portal (@pepoportal) December 17, 2024