Куќата на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко е ограбена во Севиља каде што настапува за истоимениот шпански прволигаш. Откако се вратил од романтична вечера со својата свршеница, ја нашол куќата во хаотична состојба, оставена од разбојници кои барале скапоцености.
Инфлуенсерката и свршеничка на Барко, Јаз Јаурегуј, објави фотографија од уништената куќа на социјалните мрежи и напиша: „Стигнавме дома и ја затекнавме оваа ситуација. Дојдовме во земја полна со соништа, но не можеме да живееме во мир. Се е многу чудно, не им верувајте ни на сопствените сенки“.
Се сомневаат дека е вмешан вработен
Таа понатаму напиша дека на снимката од безбедносните камери се гледа како двајца мажи влегуваат од соседна куќа, поминувајќи 50 минути внатре и излегувајќи 10 минути пред да се вратат дома. Јавно се посомневала во вработениот, „единствен кој знаел дека се излезени и за влезот од соседната куќа, и си заминал седум минути пред да влезат натрапниците“.
Барко е 20-годишен лев бек кој во јануари за девет милиони евра се пресели од Бока Јуниорс во Брајтон, а Англичаните го позајмија на Севиља летото без право на откуп. Сепак, тој не му се наметна на тренерот и досега има само осум настапи, главно влеувајќи од клупата.
Повеќе внимание од неговите игри привлекоа јавното запросување на Јаз минатата недела, на што таа со ентузијазам се согласи, но благосостојбата на младиот пар беше краткотрајна бидејќи беше нарушена од овој инцидент.