Хамас синоќа истрела 10 ракети кон јужен Израел во најголемиот таков бараж во последните неколку месеци, јави Тајмс оф Израел.
Пет од десетте ракети биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, соопштија израелските одбранбени сили, но најмалку една од другите пет го погоди Ашкелон, предизвикувајќи штета. Еден 30-годишен маж е лесно повреден од шрапнели и е пренесен на лекување во градската болница Барзилај.
Службите за итни случаи на Маген Давид Адом соопштија дека уште две лица биле повредени додека трчале кон засолништата, додека неколку лица биле третирани поради акутна вознемиреност по нападот.
Ракетите биле лансирани кон крајбрежните градови Ашкелон и Ашдод малку по 21 часот од Деир ал Балах во централна Газа, област каде што ИДФ не дејствува.
Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот бараж веднаш по неговото лансирање.
Израел веднаш се закани дека терористичката група ќе плати висока цена. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, по разговорот со премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој беше на пат за САД, рече дека им наредил на ИДФ да ја прошират својата обновена офанзива против Хамас.
По нападот, портпаролот на ИДФ на арапски јазик, полковникот Авичај Адраи, издаде предупредување за евакуација на палестинските цивили во областа Деир ал-Балах, велејќи дека тоа е „конечно предупредување“ пред ИДФ да изврши напади таму.
Војската потоа соопшти дека извршила напад со дрон насочен кон ракетниот фрлач што се користел за лансирање на баражот.
⚡️The moment a rocket from Gaza fell in Ashkelon a short while ago. pic.twitter.com/oauL8eD57D
— War Monitor (@WarMonitors) April 6, 2025