Тројца Израелци ослободени во Појасот Газа се предадени на Црвениот крст и се на пат кај еврејските војници, објави прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Според информациите доставени од Црвениот крст, кај нив се префрлени тројца заложници, кои се на пат кон силите на ИДФ и ИСА во Појасот Газа“, се вели во соопштението.
Ова е петто предавање на заложниците во првата фаза од договорот меѓу Израел и Хамас во кој Елијаху Шараби, Ор Леви и Охад Бен Ами се ослободени по 491 ден во заробеништво.
Хамас приреди и „церемонија за нивно ослободување“, на која беа принудени да дадат изјави повикувајќи го Израел да ги заврши сите фази од договорот за прекин на огнот.
„Бев добро третиран и со почит “, рече Охад Бен Ами. Лут сум на неуспешната израелска влада“.






За разлика од минатата недела, кога Хамас ги објави имињата на оние што требаше да бидат ослободени во утринските часови. Овој пат, терористичката група го доставила списокот на посредниците вечерта, повторно обвинувајќи го Израел за доцнење во испораката на помош и прекршување на примирјето.
Пред да бидат објавени имињата, Израел изврши притисок врз посредниците да обезбедат враќање на Шири Бибас и нејзините деца, Ариел и Кфир, за кои Хамас тврди дека се убиени, но не обезбеди докази. Таткото Јарден, кој беше ослободен при претходното примопредавање, рече: „Мојата светлина сѐ уште е таму, а додека се тие, овде се е темно“. Сепак, напорите на Израел досега беа неуспешни.
Израелската затворска служба (ИПС) се подготвува да ослободи 183 палестински затвореници, од кои 18 отслужуваат доживотна казна. Финализиран е списокот на затвореници наменети за трансфер на Западниот Брег и Газа. По неопходните процедури во затворите, силите ќе ги пренесат во централните објекти во затворите Офер и Кциот.
Затворениците ќе ги идентификуваат претставниците на Меѓународниот Црвен крст и ќе ги држат додека заложниците не пристигнат во Израел. Откако ќе бидат одобрени од израелските власти, затворениците од затворот Офер ќе бидат однесени на пунктови на Западниот Брег од страна на Црвениот крст, додека ИПС ќе ги префрли оние кои се упатени кон Газа на граничниот премин Керем Шалом.
На сцената подготвена за „церемонијата“ Хамас напиша „Ние сме денот по војната“, порака за американскиот претседател Доанлд Трамп, откако тој го објави својот план за преселување на жителите на Појасот во соседните земји, за Газа повторно да се изгради.
Имаше и порака до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Тотална победа“.