Говорот што унгарскиот премиер Виктор Орбан го одржа во Европскиот парламент предизвика низа реакции во оваа институција, а се чини дека најгласни во критиките за неговата политика беа претставниците на левичарските партии.
Откако Орбан го заврши својот говор, делот од салата каде што имаше претставници на партии со слична политика на унгарскиот Фидес му аплаудираше на унгарскиот премиер. Од друга страна, клубот на левичарски партии во тој момент реши да протестира пеејќи ја антифашистичката химна „Bella Ciao“. Во тие моменти говорот требаше да го започне претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но таа беше спречена во тоа, што беше знак и за реакција на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
„Ова не е Евровизија“, рече Мецола, но левичарските пратеници не се откажаа од песната. Да потсетиме, Орбан во својот говор истакна дека Европа е во криза и дека Брисел треба итно да ја промени својата политика.
„Политиката за проширување е исто така важен дел од унгарската програма. Според Орбан, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучно прашање. Посебно внимание мора да и се посвети на Србија, бидејќи Балканот не може да се стабилизира без нејзина неколку земји ги исполнуваат потребните услови за приклучување, но има недостиг од политичка акција.