На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните. Ја анализира последната анкета на ИПИС во која спортски кажано ВМРО-ДПМНЕ му води на СДСМ 3-1 а Мицкоски на Филиче 5-1.
Проектите кои беа реализирани во овие сто дена ја „забетонираа“ поддршката кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ.
Зголемени пензии кои директно влијаат на 330000 граѓани и нивните семејства, капитални инвестиции за општините преку заемот од Унгарија, проширување на позитивната листа на лекови,четири нови странски инвестиции, вратен долг од две милијарди денари на Фондот за здравство, навремени и беспатни учебници, зголемени плати за наставници.Ова се само дел од проктите кои се реализирани за само сто дена и кои ја донесоа поддршката од 27,2 посто од граѓаните според последната анкета на ИПИС.
Џевдет Хајредини кој важи за еден од најголемите познавачи на економските и политичките случувања за коментира дека граѓаните оправдано имаат големи очекувања од новата власт.
Очекувам рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе да расте поради ветувањата што ги имаат дадено пред граѓаните.Ако успее да ги реализира ќе има големи заслуги, во спротивно ќе има разочарување-смета Хајредини.
Хајредни го коментира и високиот рејтинг на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кого доверба имаат 27,8 посто од граѓаните, наспроти лидерот на СДСМ Венко Филипче кој ужива доверба кај 5,5 од анкетираните.
Кога се случи хаваријата на локалните избори не ја научија лекцијата. Се додека во партијата се мешаат Заев и Ковачевски од СДСМ нема ништо и тоа ќе оди во корист на Мицкоски-заклучува Хајредини.