Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ деновиве престојува во Катар каде ги посети тимовите и возачите на Формула 1.
Пред утрешната трка за Големата награда на Катар, популарниот Ноле ги посети најдобрите возачи на светот а имал и обврски и околу потпишување на нови партнерствата и спонзорствата.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од Ѓоковиќ и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, што го поттикна новиот тренер на Новак, неговиот голем ривал од теренот , Британецот Енди Мареј да му упати интересен коментар.
-Тој би требало да е на терен на тренинг – напиша Мареј коментар на објавата на Мерцедес со два смајли.
Брзо одговори Новак Ѓоковиќ.
– Извини тренер, ќе се вратам наскоро – рече Ѓоковиќ.
Минатата сабота Ѓоковиќ и Мареј официјално објавија дека ќе соработуваат и дека Шкотланѓанецот ќе биде тренер на олимпискиот шампион на Австралија Опен.