Познат професор открива која намирница е смртоносна за црниот дроб и дали треба да се јаде маст!
Еден професор доктор објаснува како функционираат некои од основните процеси во организмот и како да го зачуваме здравјето на виталните органи.
Проф. Д-р Дејан Чубрило открива како најдобро да го исчистите организмот од разни токсини, нагласувајќи кои намирници треба да се избегнуваат, особено по 30-тата година од животот. Според него, една од најважните теми во модерното време е замастениот црн дроб. Еве што всушност значи оваа подмолна состојба.

– Ако имате замастен црн дроб, а речиси сите го имаат во помала или поголема мера, автоматски имате покачено ниво на инсулин. Тоа е хормон што го произведува панкреасот за регулирање на шеќерот и варењето. Ако инсулинот се зголемува повеќе или помалку во текот на денот, тој апсолутно ќе создаде маснотии во црниот дроб. Тоа е негова работа. Не добивате холестерол од храната. Ако јадете ќебапи и плескавици секој ден, и тоа во големи порции, практично ќе ви се појават дигестивни проблеми и интоксикација. Но, зголеменото ниво на инсулин ќе го стимулира производството на холестерол во фабриката за холестерол – црниот дроб, каде што се создава. Секој со повишен холестерол, има и повишен инсулин, и обратно. Кој го контролира инсулинот, го контролира и холестеролот – тврди д-р Чубрило.
Тој објасни што е лош холестерол.
– Лошиот холестерол е парадокс, тој има помалку холестерол во себе отколку добриот. Лошиот холестерол има задача да го пренесува материјалот за производство на хормони и затоа не е лош – објаснува докторот, нагласувајќи дека тој станува „лош“ кога ќе за’рѓа.
Тоа значи дека не може да ја врши својата работа за транспорт на материјал за производство на хормони.
– Тој оксидиран холестерол ќе се залепи некаде и ќе претставува почеток за развој на атеросклероза. Лош е само оксидираниот холестерол. Секој со холестерол кој е 6 или 6,5 не го толкувам како трагедија или нешто толку лошо. Тогаш заклучувам дека се произведува премногу, или дека нешто го стимулира инсулинот, да не се излачува правилно преку жолчката или дека е зарѓан. Тогаш на пациентите им препорачувам антиоксиданси, т.е. во исхраната да внесуваат што повеќе овошје и зеленчук, објаснува докторот.
Д-р Чубрило нагласува дека е исклучително важно да се контролира инсулинот.
„Не треба да јадеме шеќер, да не го оптоваруваме панкреасот“, вели докторот, алудирајќи на тоа дека шеќерот е една од најлошите намирници.
Што се однесува до животинската маст и нејзината употреба во исхраната, д-р Чубрило препорачува да се додава помалку од една лажица, само за храната да замириса добро.