Ракометарите на Хрватска и на Франција се првите полуфиналисти на ракометното СП кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, и на кое учествуваше и Македонија, завршувајќи на 15. место.
Хрватите во Загреб ја победија Унгарија со 31-30 со гол во последната секунда. Натпреварот беше многу интересен, двете селекеции во целиот негов тек се менуваа во водство, Унгарците беа повеќе во предност, но на крајот после еден неискористен напад и брза офанзива на Хрватите, Шипиќ остана сам на линијата и успеа да погоди и да му донесе полуфинале на хрватскиот национален тим.
🇭🇷🇭🇷🇭🇷pic.twitter.com/ZoGy3HTPFM
— Croatian Football (@CroatiaFooty) January 28, 2025
Истата драма беше присутна и на вечерашниот меч помеѓу Франција и Египет. Исто така двете селекции се менуваа во водство, Франција имаше +2 на две минути до крајот, а потоа Египет успеа да израмни на четири секунди до крајот. Но, од центарот изведе Лука Карабатиќ и погоди во голот во последната секунда за 34-33 и ја однесе Франција во полуфинале.
Утре се играат последните два четвртфинални мечеви во кои Данска игра против Бразил, а Португалија ќе игра со Германија.