strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…
МАКЕДОНИЈА

Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Објавено October 15, 2024 09:45
strana.mk
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати.

Златен накит (прстени, обетки, нараквици златен часовник)
– 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија на релација Истанбул-Печ, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При преглед на автобусот и багажот на патниците, во ранец на косовски државјанин, патник во автобусот, бил пронајден беџ за посета на саем за накит во Истанбул. При личен претрес на патникот, во џеб од неговите фармерки биле пронајдени 10 златни приврзоци со син камен, 1 прстен бело злато со бел камен, 1 златен прстен со виолетов камен, 2 златни прстени со зелен камен, 2 обетки од бело злато, 3 златни нараквици и 1 златен часовник марка GENEVE, а во неговиот паричник била пронајдена една златна монета. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Лекови

– 56 пакетчиња DYSPORT 500 mg, 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.
Во првиот случај, на бензинска пумпа на регионалниот пат Скопје – Блаце, покрај паркиран автобус со турски регистарски таблички, било забележано лице како префрла производи од најлонска кеса во кутија од стиропор со мраз. При извршената контрола било утврдено дека се работи за 56 пакетчиња со лекови DYSPORT 500 mg, кои возачот, турски државјанин, имал намера да ги пренесе во Косово. Автобусот сообраќал на релација Истанбул – Призрен.

Во вториот случај, при контрола на такси возило, сопрено на влезот во Скопје кај клучката во Хиподром, биле откриени 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS. Лековите биле пронајдени во чанта сместена на задното седиште и во вреќа сместена на подот зад предните седишта.
Во двата случаи лековите се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Облека

– женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени во куфер сместен во тоалетот на автобусот. Возачот изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре. Производите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 197 парчиња женска облека, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Белгија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При скенирање на автобусот биле забележани неправилности во просторот за багаж, по што била извршена физичка контрола. Притоа, во една торба и неколку кеси биле пронајдени непријавените производи, со вредност од 147 илјади денари и избегнати давачки од околу 59 илјади денари. Истите се привремено задржаниа против возачот, македонски државјанин ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 156 парчиња женска и машка облека откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата на граничниот премин Богродица, се пријавиле две возрасни и две малолетни лица, сите македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во црни вреќи сместени во багажникот и во просторот помеѓу предните и задните седишта, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на производите е проценета на 70.600 денари а избегнатите давачки инесуваат 27.268 денари.

Електроинсталациони производи

– 691 електроинсталациони производи (светилки, конектори, приклучници и напојувања) и 3.971 метри кабел за електрични инсталации, откриени при контрола на стока од испраќач од Турција наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Непријавената стока, која не била опфатена со царинските документи, е привремено задржана а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари

-16 штеки цигари, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. При извршениот преглед покрај пријавените три штеки цигари пронајдени се 12 штеки цигари PS и 4 штеки цигари WINSTON. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

– 314 звучници и 9.000 светилки за патнички возила со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад наменета за фирма увозник од Скопје. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права на интелектуална сопственост, и согласно законските прописи поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 2,2 милиони денари.

– 30.000 запалки, 13.000 батерии и 1.440 пакувања жилети со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово. Сомнителните производи, чија вредност доколку би се продавале како оригинални се проценува на околу 3,2 милиони денари, се привремено задржани, и согласно законските прописи започната е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

TAGGED:запленацарина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски на работен појадок со германската стопанска комора
Следна статија (Видео) Шефот на иранските специјални сили кој исчезна по израелските напади, сега се појави во јавноста

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Сашо Мијалков снимен во Монте-Карло со луксузен автомобил вреден над 600.000 долари

Поранешниот директорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков е снимен во Монако како излегува од луксузен автомобил „ферари“ и влегува…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гол маж на кејот во Охрид ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

Сосема гол маж вчера се прошета по кејот на Охридското Езеро сред Охрид ги шокираше граѓаните кои се нашле таму.…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност,…

December 17, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?