strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Цветановски за „Нова Македонија“: Коцевски побара од мене да донесам незаконска одлука за бонусите на СЈО
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цветановски за „Нова Македонија“: Коцевски побара од мене да донесам незаконска одлука за бонусите на СЈО
МАКЕДОНИЈА

Цветановски за „Нова Македонија“: Коцевски побара од мене да донесам незаконска одлука за бонусите на СЈО

Објавено February 17, 2025 10:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Не сакав да ја сменам одлуката за незаконските бонуси на СЈО, па бев суспендиран, вели во интервју за „Нова Македонија“ јавниот обвинител Јован Цветановски. Во продолжение следува интервјуто со Цветановски. 

-За „атрибутите“ од работењето на Јавното обвинителство разговараме со обвинителот Јован Цветановски, кој во интервју за нашиот весник од прва рака ја опишува состојбата со случувањата во Обвинителството. Јован Цветановски кариерата во обвинителството ја започнал од 1999 година како волонтер, за потоа да ги помине сите обвинителски скалила, од приправник, стручен соработник, прв генерален секретар на Советот на јавните обвинители на РСМ, јавен обвинител во ОЈО Скопје, каде што бил и заменик на основниот јавен обвинител, до јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје во последните осум години. Ова насобрано искуство го определува Цветановски за легитимен и кредибилен да направи релевантна анализа за работењето на Обвинителството во последните 25 години.
– Според мојата анализа, со тешко срце морам да констатирам дека последните случувања во Обвинителството ги сфаќам како голем пораз на обвинителската фела и едноставно не можам да се согласам ниту да бидам нем набљудувач – ни изјави пред сѐ обвинителот Јован Цветановски.

Јавноста беше директно информирана од самиот Хајрулахи за неговото разрешување, кое ве зафати и вас. Во моментов вие сте практично суспендиран. Има заднина за ваквата одлука или таа е втемелена на факти и законски овластувања и можности?
– Мојата оцена не е базирана на личен, субјективен аспект, иако директно сум засегнат од последните случувања, но тоа баш ми дава за право да го коментирам, бидејќи од личен пример видов како не смее да се однесува еден државен јавен обвинител. Републичкиот јавен обвинител треба да биде олицетворение на законито, непристрасно и професионално однесување во својата работа и столб на јавнообвинителската служба, која единствено има цел преку почитување на законите да се бори со криминалитетот во Македонија, на секое ниво. Притоа мислам и на тоа дека и самиот тој треба да им овозможи на сите јавни обвинители услови за непристрасна и професионална работа, заштитени од секаков вид притисоци, и во која нема место за лични и лукративни постапувања во нашата работа.
Повод за последните случувања во кои јас и мојот колега Мустафа Хајрулахи сме, за жал, жртви на самоволието на републичкиот јавен обвинител Коцевски е непочитување на неговото барање за носење незаконска одлука.

Велите дека Коцевски од вас лично побарал да донесете незаконска одлука?!
– Да. Ние не ја испочитувавме неговата желба да се донесе јавнообвинителска одлука за предметот познат како „Бонусите на СЈО“. Поради тоа, Коцевски злоупотребувајќи ја својата позиција и под превезот на наводен надзор, направи дополнителен притисок над мојата работа, па откако јас донесов законска одлука и го укинав првостепеното решение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, веднаш иницира дисциплинска постапка користејќи го извештајот за извршениот надзор.

Дали таа процедура беше почитувана?
– За жал, тоа не беше испочитувано. Коцевски јавно го објави извештајот, со насока дека во исто време иницирал и дисциплински постапки против мене и Мустафа Хајрулахи. Меѓутоа, на тоа негово незаконско постапување му претходи инструираниот надзор, каде што од формалноправен карактер постојат причини поради кои Извештајот не е конечен и не може да се смета за релевантен. За тоа постојат формалноправни пречки и истиот тој не може да претставува основа за поведување каква било дисциплинска постапка.
Ова за јавноста не е позната материја, па би сакале ли да ни објасните што не е испочитувано, каде, според вас, се преминати црвените законски линии?
– Прво, во одлуката за надзор е определен рок од 30 дена, кој рок видно од доставениот извештај не е испочитуван, дополнително од страна на комисијата, но и од Љупчо Коцевски како јавен обвинител на ЈОРСМ. При подготвувањето на извештајот од извршениот надзор потешко ми ги повредил правата, бидејќи е спротивно на чл. 11 од Правилникот за вршење надзор, во кој е предвидено надзорот да се изврши од повисокото јавно обвинителство над пониското, кое треба да изготви писмен извештај во рок од 30 дена со сите констатации од надзорот, а примерок од извештајот да достави до ЈО на РСМ, до Советот на јавните обвинители, но и до Јавното обвинителство во кое е извршен надзорот, во конкретниот случај ВЈО Скопје. Ова не е направено од Комисијата и со тоа ми е ускратено правото да одговорам на конкретни забелешки на подготвениот писмен извештај. Од друга страна, републичкиот јавен обвинител објавува на 3.12.2024 година дел од извештајот, со најави за дисциплински постапки, со што го нарушил и принципот на тајност на дисциплинските постапки, а истиот тој е доставен од ВЈО Скопје на 4.11.2024 година, односно ден по неговото официјализирање во јавноста.
Второ, некои од номинираните членови на работната група имале пречка да вршат надзор над работата на ВЈО Скопје бидејќи имаат конфликт на интереси, па со нивното учество процесот го компромитирале, а на извештајот и надзорот му ставиле точка на незаконско постапување. Имено, ЈО Лиле Стефанова во предметот познат како „Поштенска банка“, претходно учествувала како обработувач на предметите и во прв степен го застапувала, првично како обвинител во укинатото СЈО, а подоцна и како ЈО во ОЈО за ГОКК. Суштествена пречка што овој извештај го прави нерелевантен и тенденциозен е факот дека истата таа е пријавена и има статус на осомничена во предметот познат како „Бонусите на СЈО“, кој во втор степен по жалба за отфрлање на кривичните пријави од ОЈО за ГОКК, јас постапувам како ЈО во ВЈО Скопје.
Вториот член е Елвин Вели, кој пред изборот во ЈОРСМ, август 2023 година, беше ЈО во Вишото јавно обвинителство Скопје како заменик на ВЈО и за дел од предметите бил лично запознаен како за нивниот статус така и за моите донесени одлуки, но и добро запознаен за начинот и водењето на административно-управниот дел на ВЈО Скопје, бидејќи и како заменик на ВЈО вршел работи од неговиот делокруг, парафирање на пошта, одлучувал по спогодби.
И на крајот, во однос на формалноправниот карактер на овој надзор, истиот тој е ад хок постапка, извршен од причина што истиот тој е спротивен на чл. 5 од Правилникот за вршење надзор, бидејќи нема континуитет во однос на извршени надзори од страна на ЈОРСМ во последните пет години.

Според правилникот е предвидено дека надзорот се врши двапати годишно, вообичаено кон крајот на првото полугодие и на крајот на тековната година, а по потреба и повеќепати по оцена на повисокото јавно обвинителство. Но Коцевски, кој е избран во февруари 2024 година, се чини малку доцнел со надзорот. Што го поттикнало да реагира задоцнето и жестоко?

– Доколку сакаме да му веруваме на Коцевски, кој изјавува дека тоа биле редовни контроли, тоа е една груба манипулација од негова страна, бидејќи тој е јавен обвинител на РСМ избран во почетокот на февруари 2024 година, па логично се поставува прашањето зошто, како што е регулирано по закон, тоа не го направил во мај 2024 година, туку на 8 октомври 2024 година, веднаш по упатените закани на 19 септември првично директно на Мустафа Хајрулахи, кои мене ми беа пренесени истиот ден. Поведената дисциплинска постапка е само финализирање на заканата упатена од Коцевски преку вишиот јавен обвинител Хајрулахи за да се донесе конкретна одлука по предметот заведен во ВЈО Скопје по повод изјавена жалба на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на решение донесено од ОЈО за ГООК со кое е отфрлена кривичната пријава поднесена од нивна страна против јавните обвинители од СЈО, а во врска со незаконски поделените бонуси. Одлуката морала да биде во насока да се потврди првостепеното решение.

Наједноставно кажано, вие не можевте да преминете преку тоа дека бонусите биле незаконски доделени, со што бил оштетен буџетот на државата и нарушен угледот на Обвинителството, и бевте казнети?
– Да, да кажеме и така. Коцевски грубо користејќи ја својата позиција не само што првично проба да нарача одлука и да влијае на тој процес туку подоцна се потруди и да нѐ казни за тоа што не постапивме по неговото барање, систем што мислев дека е заборавен и се користеше во едно бившо време, во кое владееше едноумие, а не денес, во едно демократско општество, во кое сите уживаме еднакви права, а правата на јавните обвинители во согласност со сите меѓународни стандарди се загарантирани во Законот за јавното обвинителство, кое посебно се однесува на независноста на јавните обвинители.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА НОВА МАКЕДОНИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

TAGGED:Јован ЦветановскиЉупчо Коцевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје
Следна статија (Видео) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет загинати

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме и ќе испратиме порака дека времето на Македонија доаѓа

Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме заедно и ќе испратиме порака времето на Македонија доаѓа, објави премиерот Мицкоски на…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жена предизвикала пожар додека готвела

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Автомобил вози по пешачка патека на „Партизанска“ во Скопје (ВИДЕО)

Граѓани од Општина Карпош до повеќе редакции испартија видео и нивна реакција со која укажуваат дека долж пешачка патека на…

February 10, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?