Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија локалните медиуми.
За да се спречи ширење на инфекцијата цела Австрија е прогласена за област со зголемен ризик. Одлуката за построги безбедносни мерки во живинарството ќе стапи на сила од четврток до петок на полноќ – стои во соопштението на австриското Министерство одговорно, меѓу другото, за заштита на животните.
Во образложението се наведува дека одлуката е донесена откако ризикот од ширење на инфекцијата бил оценет како „значително зголемен“ во 25 области. Пред сè, затоа што претходно на четири живинарски фарми во провинциите Долна и Горна Австрија, беше констатирана инфекција со птичји грип кај околу 200.000 птици, кои биле убиени.
За да се спречи ширењето на инфекцијата понатаму, сите компании и фарми во Австрија со повеќе од 50 животни, ќе мора да ги чуваат во плевни. Од Одлуката за задолжително чување во плевни се изземени фармите со помалку од 50 живина. И целата живина мора да биде заштитена од контакт со диви птици, носители на инфекција.