Еден Американец собирал монети цели 70 години. Наполни огромно стаклено шише. Неговиот внук ги објавил фотографиите на интернет и додал дека сега конечно може да брои пари.
Дедо ми ги собираше овие ситни пари во оваа тегла цели 70 години и конечно ми дозволи да го избројам! – напиша во септември корисникот на Reddit „Crimsonkitsune333“.
Неговата објава доби илјадници коментари. Внукот вели дека целото семејство ги броело парите и дека им требало пет дена да ги избројат. Дедото собрал вкупно 2.052 долари и 76 центи или околу 1.875 евра. Монетите тежеле 69 килограми, а семејството ги избројало рачно и со помош на машина. Вредноста на парите би можела да биде уште поголема бидејќи во теглата нашле и историски монети. Најстарата монета е од 1928 година.
Внукот рекол дека дедото го натерал семејството да ги преброи парите бидејќи сакал да знае колку собрал пред да умре.
– Дедото се шокираше, мислеше дека собрал помалку од 1000 долари – напишал внукот.