strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?
БАЛКАН

Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?

Објавено May 10, 2025 09:49
strana.mk
Сподели
Сподели

Доколку летово планирате да одите на одмор во Грција, корисно е однапред да ги знаете цените, поточно колку ќе ве чини еден ден од одморот – од оброк до купување на локалниот пазар.

Иако гирото и натаму може да се најде за 3 до 4,5 евра, одредени намирници се значително поскапи и над просекот на Балканот.

На пазар во грчкото летувалиште Nea Moudania, цените на храната делуваат шаренолико, нешто е поволно, но одредени производи се прилично скапи.

Јајцата се продаваат за околу 0,35 евра по парче, зелена салата е околу 0,50 евра, додека пак младиот кромид може да се купи за 0,70 евра. Еден килограм домати е 1,25 евра, тиквичките 0,50 евра, а грашокот е околу 3 евра.

Овошјето и мешунките чинат значително повеќе. Јагодите чинат 2,5 евра килограм, крушките 1,50, црвен грав 3,30 евра, додека пак белиот 7,50 евра килограм.

Особено се издвојува цената за една риба (без обработка и подготовка која чини 10 евра.

Слични цени важат и за другите популарни места на Халкидики и во северна Грција. Во Полихроно и Пефкохори цените се речиси идентични, додека пак во местата како што се Паралиа и Лептокарија цените се пониски, особено надвор од сезоната.

Во јужните дестинации како Крит и Миконос, цените се значително повисоки, особено во маркетите и рестораните.

Сепак, најпознатиот „оброк на улица“ во Грција – гирото, чини од 3 до 4,5 евра, во зависност од местото и дали станува збор за популарна локација или некое помало туристичко место.

Во Nea Moudania гирото може да го купите и за 3,2 евра. Порција гиро во ресторан може да најдете и за 9-10 евра, додека пак пијалаците се движат по цена околу 12 евра, а кафето во просек од 2 до 3 евра.

Што се однесува до сместувањето, цените се зголемуваат како што сезоната се наближува.

Еден апартман во Nea Moudania на почеток на јуни може да се изнајми од 30 до 40 евра од ноќ, додека пак во јули и август истиот апартман ќе го платите од 80-100 евра.

Во полуксузните места и вили со поглед на море цените лесно надминуваат 250-300 евра од вечер, особено доколку местото има базен, приватна плажа или дополнителни содржини за користење.

За оние кои планираат семејно патување, совет е однапред да си резервираат и детално да ги испланираат трошоците затоа што иако Грција и натаму може да биде пристапна, купувањето во маркетите или непланиран оброк во ресторан може да ве изненади.

Летувањето во Грција денес повеќе не е евтино како некогаш, но со добра организација и натаму може да биде исплатливо и незаборавно искуство.

TAGGED:грцијаПлажаТуристицени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена
Следна статија Во Неапол се појави пица со моцарела „Папа Лав“, како и фигури со неговиот лик (ФОТО)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор…

December 28, 2024
БАЛКАН

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објавува утрово „Албански…

May 12, 2025
БАЛКАН

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во…

November 24, 2024
БАЛКАН

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Познатиот германски боксер и европски шампион, Марио Дасер (36) е ранет во пукотница во Белград. Престрелката се случила утринава околу…

February 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?