strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Цените на нафтата близу 81 долар
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Цените на нафтата близу 81 долар
БИЗНИС

Цените на нафтата близу 81 долар

Објавено January 17, 2025 18:06
strana.mk
Сподели
Сподели

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во петокот на нивото близу 81 долар, додека трговците шпекулираа пред инаугурацијата за можните реакции на новиот претседател Доналд Трамп на новите американски санкции за рускиот енергетски сектор.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 33 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 80,96 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 22 центи пониска цена, по 78,46 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од кошничката нафта на нејзините членки во четвртокот поскапе за 1,49 долари, на 83,15 долари.

Трговците оваа седмица беа преокупирани со новите американски санкции за рускиот нафтен сектор. Пред една седмица Вашингтон воведе санкции за „Газпромњефт“ и „Сургутњефтегаз“, а на листата додаде и 183 танкери, осигурителни компании, транспортери и трговци со руска нафта. Санкциите ги зголемија трошоците за транспортот на нафта со супертанкерите, а скокнаа и цените на дизелот.

Кон крајот на седмицата вниманието се насочи кон политиката и инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Кандидатот на Трамп за министер за финансии Скот Бесент во четвртокот рече дека е подготвен, „ако претседателот Трамп го побара тоа, како дел од стратегијата за ставање крај на војната во Украина, да ги подигне санкциите на ниво што ќе ја доведе Руската Федерација на преговарачката маса“ .

Кандидатот за државен секретар Марко Рубио во Сенатот посочи дека би можеле да размислат и за ублажување на санкциите кои, според неговите зборови, му обезбедуваат на Вашингтон „влијание“ врз Русија. Затоа и „санкциите и олеснувањата“ ќе бидат дел од дискусијата за подготовка на теренот за „решение“ на војната во Украина, ги цитира лондонски The Guardian неговите изјави од средата.

„Изјавите на Бесент и Рубио сигнализираат за можни нови санкции кои би ги погодиле производителите на нафта, но пазарните инвеститори допрва ќе ја чекаат одлуката на новиот американски претседател“, оценуваат аналитичарите.

TAGGED:нафтаПоскапување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!
Следна статија Почина Џоан Плорајт, една од најценетите британски актерки

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Бројот на милијардери во Велика Британија е во опаѓање поради пазарните турбуленции и новите даноци

Бројот на милијардери во Велика Британија се намали од 165 минатата година на 156 лица поради пазарните турбуленции и новите…

May 17, 2025
БИЗНИС

Саудискиот инвестициски фонд го купува Pokemon Go за 3,5 милијарди долари

Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија (PIF) ќе плати 3,5 милијарди долари за купување на одделот за игри на Niantic, чии…

March 13, 2025
БИЗНИС

Прада сака да го купи Версаче

Модните трендови имаа различни влијанија врз бизнисот на две италијански куќи кои наскоро би можеле да станат една. Преговорите за…

January 12, 2025
БИЗНИС

Најк се враќа на Амазон по шестгодишна пауза и планира зголемување на цените

По шестгодишна пауза, американскиот производител на спортска опрема „Најк“ повторно ќе започне со продажба на производи директно на платформата на…

May 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?