Бизарна ситуација се случи на мечот од бугарското првенство помеѓу екипите на Арда и Левски.
Пред почетокот на мечот имаше минута молк во чест на поранешниот фудбалер на домашните, Петко Ганчев, но тој е жив и здрав, а раководството на Арда добила погрешна информација.
Луѓето од клубот од Крџали без да ја потврдат информацијата, го известиле делегатот и гостите дека ќе има минута молк, а потоа со официјално соопштение се извинија.
— Ricardo Kaka (@rikardons) March 17, 2025