strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Чачарова Илиевска: Не чувствувам одговорност да поднесам оставка, интерпелацијата е преседан
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чачарова Илиевска: Не чувствувам одговорност да поднесам оставка, интерпелацијата е преседан
МАКЕДОНИЈА

Чачарова Илиевска: Не чувствувам одговорност да поднесам оставка, интерпелацијата е преседан

Објавено February 26, 2025 16:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност да поднесам оставка, изјави денеска Тања Чачарова Илиевска, која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Во интерпелацијата, како што оцени Чачарова Илиевска, нема индивидуализирано кои дејствија и кои постапки како член поединец на Судскиот совет ги преземала несовесно и незаконито, а кои би можеле да и се стават на товар заради работата на Судскиот совет.

На новинарски прашања, Чачаровска Илиевска посочи дека дала одговор на наводите на интерпелацијата која, рече дека повеќе упатува како интерпелација за Судскиот совет како колективно тело бидејќи нема индивидуализација на конкретната работа на поедини членови кон кои е поднесена интерпелацијата.

– Тоа е дискриминаторски однос кон членовите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на членовите на Советот. Наведов дека е дискутабилна можноста, правото на Собранието за поднесување на интерпелација на член на Судски совет, имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции. Во членот 69 од Уставот каде што се наредени надлежностите на законодавната власт има една одредба во која е наведено кој на кого може да му врши контрола Собранието преку интерпелација, преку механизмот интерпелација. И таму стојат носители на јавни функции коишто се одговорни пред Собранието, Владата, и секој поединечно на Владата, но не и носителите на јавни функции од судството така што, сметам дека ова е преседан во досегашната парламентарна историја на Република Северна Македонија што можеби има далекусежни последици, изјави Чачарова Илиевска.

Тоа, смета таа, може да доведе до чудни и нелогични неуставни појави во иднина. Може, како што рече, да се случи некој да поднесе интерпелација на судиите во Уставниот суд, затоа што Собранието ги има избрано, а и тие се носители на јавни функции, како и на сите судии и обвинителите, што, според неа, е недозволиво и претставува упад на законодавната во судската власт.

– Треба многу внимателно да се пристапи кон ова прашање и да се сфати дека интерпелацијата е механизам за политичка контрола заради утврдување на политичка одговорност кон носители на јавни функции но, кои се одговорни за својата работа пред Собранието. Кога сме кај ова и поврзувањето од страна на законодавната власт на фактот што не е усвоен Извештајот за работа на Судскиот совет за 2023 година, служи како основа за поднесување на интерпелацијата. Сметам дека е апсолутно незаконски неуставно и недопуштено во конкретниот случај, бидејќи ако го читаме Законот за судскиот совет во духот на законот, членот 100, во кој се дава можности да се отвори расправа во случај на неусвојување на извештај за годишен извештај за работа на Судскиот совет, впрочем упатува на зајакнување на соработката помеѓу судската власт и законодавната власт, во однос на решавање на проблемите кои се утврдени во извештајот на Судскиот совет во судството заради нивно заедничко надминување. Стојам на ставот дека законодавната, извршната и сдуската власт мора да соработуваат кога станува збор за разрешување на одредени проблеми во судството, бидејќи на тоа упатуваат и препораките на Оценската мисија. И самите препораки се упатени до сите три власти заради суштински реформи во судството. Со интерпелацијата кон поединечни членови не се вршат никакви суштински реформи во судството, бидејќи персоналната измена не може да се третира за суштинска реформа, смета Чачарова Илиевска.

Членот на Судскиот совет Милазим Мустафа, за кој исто така е поднесена интерпелација, се надева на позитивен исход по одговорите што ги навеле.

– Се произнесоваме по сите основи што беа наведени во интерпелацијата и се надеваме дека по надминување и исцрпување на процедурите во Собранието ќе се донесе позитивен исход по однос на нашите одговори коишто беа наведени, изјави Мустафа.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ на 7 февруари до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Согласно роковите, очекувањата се дека седницата на која ќе се расправа за интерпелациите би имало до или на почетокот на март.

TAGGED:Тања Чачарова Илиевска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Романската полиција го приведе претседателскиот проруски кандидат, фаворит на изборите
Следна статија Почина затвореник, познат неговиот идентитет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо…

June 26, 2025

Како српски медицински работник го спасил животот на македонско девојче на плажа во Грција (ВИДЕО)

Како српскиот медицински работник Саша Костиќ…

June 26, 2025

Снимена планета оддалечена 110 светлосни години

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за прв…

June 26, 2025

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да…

June 26, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември ‌ Меѓународниот ден…

September 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование…

November 16, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?