Челзи му се приклучи на Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако лондонскиот клуб утрово во четвртфиналето во Филаделфија го победи бразилски Палмеирас со 2-1.
Челзи поведе во 16 минута со голот на Кол Палмер, што беше нег прв на турнирот. Естевао, кој по завршувањето на турнирот во САД ќе ја продолжи кариерата во Челзи, го израмни резултатот во 53. минута.
Пласманот во полуфиналето на лондонскиот клуб му го донесе автоголот на Ричард Риос во 86. минута.
Во првата полуфинална двојка на Светското клупско првенство Челзи во вторник во Ист Радерфорд ќе против бразилски Флуминенсе, кој синоќа во четвртфиналната пресметка во Орландо го совлада саудиски Ал Хилал со 2-1.