Најмалку четири лица загинаа по пад на кабина на жичница на планината Монте Фиато, околу 45 километри југоисточно од градот Неапол во јужна Италија. Во несреќата посериозно е повредено уште едно лице, кое од местото на несреќата со хеликоптер е пренесено в болница. Официјални лица соопштија дека жртвите се туристи.
Неколку италијански медиуми јавуваат дека еден од каблите што ја држеле кабината се скинал.
Шеснаесет патници биле спасени од кабината, која запрела во близина на подножјето на планината. Тие биле евакуирани еден по еден со помош на појаси.
Спасувачките операции беа отежнати од магла и силни ветрови.
Жичницата беше отворена пред само една недела, кога почна туристичката сезона.
Популарна е поради погледот кон Везув и Неаполскиот залив.