Бројот на корисници кои ги откажаа своите претплати на Нетфликс значително се зголеми откако шефот на Нетфликс ја изрази својата поддршка за Камала Харис.
Имено, Рид Хестингс, ко-основач и претседател на компанијата, јавно ја поддржал изборната кампања на американскиот потпретседател, пренесува британски Телеграф.
До порастот на откажувања дојде откако Рид Хестингс објави порака на X, порано Твитер, честитајќи му на Камала и додаде: „Време е да победиме!“
Технолошкиот милијардер изјави за The Information дека донирал дури 7 милиони долари за кампањата.
Congrats to Kamala Harris — now it is time to win
— Reed Hastings (@reedhastings) July 23, 2024
Јавната поддршка беше дочекана со гнев од многу поддржувачи на Трамп кои повикаа на бојкот на услугата. Многумина објавија фотографии на социјалните мрежи на кои се откажуваат од претплатите со хаштагот #CancelNetflik.
#CancelNetflix
🖕🖕🖕🖕🖕 pic.twitter.com/wj7yjo1y3M
— शुभ 🕉️ (@PointShubh) September 5, 2024