strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ѓорѓиевски ги кани градoначалниците на Карпош и Струмица на состанок во ЗЕЛС, Костадинов одби
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски ги кани градoначалниците на Карпош и Струмица на состанок во ЗЕЛС, Костадинов одби
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски ги кани градoначалниците на Карпош и Струмица на состанок во ЗЕЛС, Костадинов одби

Објавено October 25, 2024 17:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник. Уште еднаш кажа дека ќе се вклучи како медијатор во процесот за надминување на недоразбирањата и дека е оптимист околу исходот од оваа ситуација.

Со колегата Јакимовски имавме една неформална средба на која заеднички констатиравме дека тој нема забелешки на работата на ЗЕЛС, туку на одредена несоработка со поедини министри од централната власт. Како Претседател на ЗЕЛС, се понудив заедно со моите потпретседатели, Висар Ганиу и Перо Костадинов, да влезам на еден цивилизиран начин во процесот и да помогнам преку медијација. Исто така, денес, како ЗЕЛС ќе упатиме писмена покана до двајцата градоначалници за средба и состанок во понеделник во просториите на ЗЕЛС, заедно со раководството и со директорката на ЗЕЛС, на која ќе разговараме и ќе видиме кои се причините, кои се проблемите со кои се соочуваат и ќе се обидеме да најдеме решение. Јас сум оптимист, сметам дека тоа беше една нивна брза и непресметана реакција и мислам дека ќе најдеме начин, како и за многу други прашања претходно, заеднички да ги надминеме недоразбирањата и од сето тоа победници да бидат граѓаните-изјави Ѓорѓиевски

На прашањето дали струмичкиот градоначалник официјално го известил за истапувањето од ЗЕЛС и дали очекува тој да се појави на понудената средба во ЗЕЛС во понеделник, Ѓорѓиевски наведе дека од дописот кој вчера доцна попладнето пристигнал нема прецизни причини за кои би имало простор за лутина и преземање на вакви драстични чекори. Наведе дека е оптимист околу изнаоѓањето на решение, но исто така посочи дека за излез од ЗЕЛС не одлучуваат лично градоначалниците туку советниците во советите на Општината.

До ЗЕЛС вчера доцна попладнето пристигнаа две изјави од страна на градоначалникот на Струмица и од Општина Струмица во која не известуваат дека ќе се изземат од работата на ЗЕЛС, без да се наведе ништо прецизно и конкретно. Како проблем градоначалникот Костадинов го наведува она што се случи со водоводот во Струмица и недобивањето на средства од Владата при апликација за проект, за што и самиот вели дека не бил известен дека не може да се аплицира со веќе започнат проект. Сметам дека тоа не е причина за која треба да се лути. Она што треба да го знаат и двајцата градоначалници е дека тие одлуки, за излез од ЗЕЛС се носат со гласање на советот, односно за тоа може да одлучат советниците во рамките на советите. Јас најпрво се надевам дека и двајцата ќе се одзват на поканата за средба во понеделник и дека ќе ги затвориме проблемите на еден цивилизиран начин, на начин на кој никој нема да изгуби и дека заедништвото и понатаму ќе биде наша одлика. Доколку одлучат поинаку, се надевам дека и тоа ќе го направат онака како што треба и ќе видиме што имаат да кажат советите околу излегувањето од ЗЕЛС-истакна Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

По оваа изјава став даде и градонаќаникот нс Струмица кој кажа дека нема да прифати поканата

Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС, што е уште една потврда на мојата одлука околу понатамошното членство во ЗЕЛС. Очигледна е војната против струмичани и Струмица, а се уште нема причини зошто е одбиен проектот од унгарскиот кредит и зошто Институтот за јавно здравје не ги објавува резултатите за водата. Некој свесно ја мати водата за политички поени, реагираше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов попладнево на својот фејсбук профил за повиците да ја преиспита одлуката за понатамошното учество на Општина Струмица во ЗЕЛС.

Како што напиша, во моментов за него е неважно кој и што кажал од ЗЕЛС и од владините институции, бидејќи многу поважни се следните приоритети што се, пред се, во интерес на граѓаните на Општина Струмица.

– Тие се седнување на маса на експерти од МЗШВ и АД „Водостопанство“ и да си го решат проблемот, Институтот за јавно здравје јавно да ги објави резултатите од водата, решавање и расчистување на ситуацијата со унгарскиот кредит земен на грбот на граѓаните и консолидација и разгледување на можноста за повторно седнување на маса во ЗЕЛС, се наведува во објавата на Костадинов.

Додава дека не може питка вода и пари за граѓаните да бидат помалку приоритетни од членството во ЗЕЛС, зашто ниту ЗЕЛС од првиот до последниот, ниту одредени министри од влада ќе го разубедат да застане против интересот на струмичани.

TAGGED:ЗЕЛСкостадин костадиноворце ѓоргиевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Некој му ја згазна ногата на Лавров на самитот, тој изреагира
Следна статија Известувачот на ЕП за Србија главен поддржувач на Северина

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во…

June 19, 2025
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

Професорката д-р Светлана Мојсов, една од…

June 20, 2025

Зошто Атина? Сè што знаеме за новото поглавје во животот на Новак Ѓоковиќ

Веста дека Новак Ѓоковиќ планира да…

June 20, 2025

Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити

Долгот на граѓаните кон банките во…

June 20, 2025

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

Основниот кривичен суд Скопје на 25…

June 20, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Агелер: Се надевам дека ниту една политичка партија или личност не би работела на дестабилизација на својата земја

Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека…

December 10, 2024
ПОЛИТИКА

На „Фејсбук“ има лажен профил на Филипче со несоодветни содржини, алармираат од СДСМ

Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да…

January 15, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на…

December 20, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?