Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го уништи родот во нашиот најголем производен регион за јаболка. По обиколката на селата околу Ресен веќе на сите им е јасно дека родот е уништен, заради што и општината има донесено одлука за прогласување на елементарна непогода за тој регион и е почнато пријавувањето на штетите за да може комисиите да извршат проценка која е потребна за да се изврши обештеување, објави Канал 5.
Иако нема да имаат род овоштарите кои досега имаат доста инвестирано не смеат да престанат со заштита и прихрана на овошките за да има нормална родност догодина. Заради ова земјдоелците бараат комисиите да ја извршат што побргу проценката и да не се држат до законскиот рок од 300 дена а потоа и владата во најкус рок да исплати обештетување кое многу ќе им значи во ваква една критична година.
До крајот на месецов трае рокот во кој земјоделците од преспа треба да се пријава за и кај нив да помине комисијата за проценка на штетите. Во вакви случаи обештетувањето со одлука на влада се движи од најмалку 10 до најмногу 30% од висината на проценетата штета. Годишно во преспа во добра година се берат по околу 160 до 180 илјади тони на јаболка кои освен за домашниот пазар главно се наменети за извоз и за фабриките за преработки но годинава јаболка како и праски и кајсии во Росоманско ќе нема ниту за лек.